Најголем дел од неговите блиски соработници до пред два дена се уште сметаа дека ВМРО-ДПМНЕ не може да направи влада со Алијанса, Алтернатива, Левица и БЕСА а од утринава веќе им е јасно дека без разлика дали ќе поднесе оставка Зоран Заев веќе нема да биде премиер.
Еден од најблиските соработници на Заев, советникот за комуникации Марјан Забрчанец преку инстаграм на симболичен начин се простува од својот шеф во владата и од својата висока владина позиција.
Забрчанец вели дека кој и да биде премиер ќе тргне со добра стартна позиција во транспарентноста.
Според индексот за мерење на корупција на “Транспаренси интернешенел” Македонија е на катастрофалното 111 место кое Забрчанец не го споменува во својот проштален пост кон Заев.