Од утринава на потегот под вештачкото езеро во Прилеп избувнал пожар околу викенд куќите.
Според информациите кои ги добивме горела сува треба, а огнот опасно се заканувал да зафати и дел од викендиците.
За среќа, интервенцијата на пожарникарите спречила таква можност.
На терен е екипа на противпожарната единица Прилеп, кои го гаснат пожарот.
Сомнежите се дека и овој пожар веројатно е подметнат.
Од фотографиите може да се забележи дека огнот зафатил голема површина: