ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА ОСУДЕНА НА ШЕСТ ГОДИНИ ЗАТВОР

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не дојде да ја слушне пресудата во случајот „Тенк“ за набавката на блиндираниот „мерцедес“. Нејзиното присуство на изрекувањето не е задолжително – oбјави “Инфомакс”.

Судот донесе пресуда со која Јанкулоска е осудена на шест години затвор.

Таа од утрово се наоѓа во Кривичниот суд во Скопје, но во старата зграда каде се одржува рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ во кој таа е меѓу обвинетите. На изрекувањето на пресудата присутен е еден од нејзините адвокати, Боро Тасевски, како и обвинителите Фатиме Фетаи и Стевчо Донев.

Во овој предмет веќе со правосилна пресуда се осудени поранешниот премиер Никола Груевски на две години затвор и екс помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на 4 години и 6 месеци. Груевски, исто така, не дојде да ја слушне пресудата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.