Кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија со убедливо водство помеѓу младите пред Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ и ДУИ.
Силјановска е миленик на младите, имено според најновата анкета на агенција М-проспект спроведена за потребите на МТВ, Силјановска со 29.6% поддршка води пред Пендаровски со само 21.8% поддршка помеѓу младите од 18-29 години.
Разликата во поддршката помеѓу двајцата претседателски кандидати кај младата популација од 18-29 години е 8%, ова е популација која е најактивна и која е најзагрижена за иднината на државата и за тоа во кој правец истата ќе се развиваа. Ваквата поддршка помеѓу младите за Силјановска говори дека таа е кандидатот кој ветува промени и влева доверба кај луѓето што допрва треба да завршат образование и да се вработат и лицата кои завршиле и се вработени, но се на почеток на своите кариери.
Падот на поддршката кај младите за Пендаровски и за СДСМ е пред се поради лошите политики на власта во изминаативе две години, како и неостварените ветувања од типот на „ќе ги вратиме младите кои се иселени“ и ќе ја намалиме младинската невработеност, работи кои не само што не се случија, туку состојбата на тој план се влоши, имено младинската невработеност во државата е највисока во Европа со 50%, а во поглед на иселувањето релевантен е податокот на германската амбасада според која нивната амбасада издава и до 20.000 работни визи на годишно ниво, од кои најголем дел се за млади лица.