Голманот на ФК Победа, Дарко Тофилоски, избран за спортист на годината од неделниот весник “Зенит” (Фото)

Неделниот весник Зенит по 11-ти пат го избра најдобриот спортист на Прилеп. За минатата 2018 година тоа е голманот и капитен на фудбалскиот прволигаш Победа, Дарко Тофилоски.

Редакциските диплома и пехар заслужено се во неговите раце поради одличните одбрани во пролетниот и есенскиот дел од прволигашката сезона.

Прво, пролетоска, го предводеше тимот до опстанокот во елитното друштво, а потоа, есеноска, беше меѓу најзаслужните за пласманот во полуфиналето од Купот. Неговото интернационално искуство од Швајцарија, Словачка и Ерменија е драгоцено и нема сомнение дека пролетва тој ќе биде еден од адутите на Победа во борбата за опстанок.

Тофилоски е само третиот фудбалер прогласен од Зенит за најдобар спортист. Претходно, за 2010 беше Филип Мирчески од 11 Октомври, а за 2008 и 2009 Илија Несторовски од Победа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.