Голем солистички концерт на Јордан Митев во Битола

На 20-ти јули во Битола, голем солистички концерт ќе одржи фолк пејачот Јордан Митев.

Гости на вечерта ќе бидат Марјан Коцев и Демир Кантуровски со неговиот блех оркестар УСКА КАН од Берово.

Митев е еден од ретките македонски фолк пејачи, кој, освен што е комплетен автор на сите досегашни негови хитови, повремено има и големи солистички концерти по македонските градови, но и надвор од Македонија.

Концертот ќе се одржи на ракометното игралиште, со почетокот во 21:00 часот. Влезниците се пуштени во продажба на две места во градот, на касата на ракометното игралиште и во кафе „Пајтон“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.