Алармантна е состојбата со езерата во Македонија. Водата од ден на ден се повеќе се повлекува, тоа може да се види и со голо око, властите не превземаат ништо, а лошото управување и менаџирање со езерата е очигледно.
Катастрофално ниското ниво на акумулацијата во изминатиот период во Тиквешкото езеро и нејзиното интензивно празнење кое трае и во моментот, го спушти нивото на кислород на алармантни 2 mg/L, постојат обиди од секаков вид да се спречи катастрофата, па дури и со давање на вештачки кислород во водата.
Имено во моментов голем помор на риба се случува на „Тиквешкото езеро“, а причината за ова катастрофа е токму повлекувањето на водата и намалениот кислород во истата.
-Голем помор на риби ни се случува во моментот, а почнувајќи од утринските часови во текот на вчерашниот ден, вторник 20.10.2020. На удар е целата наша произведена риба во количина од 120 тони. Иако настојуваме на секаков начин да интервенираме, вклучително и со додавање на вештачки кислород во водата како би ја спречиле оваа катастрофа, развојот на ситуацијата е се` уште неповолен. Освен нас „ЗЛАТЕН КРАП“, со овој проблем се соочуваат и рибниците на ДПУП „ДОШНИЦА“ ДООЕЛ, позиционирани непосредно во наша близина.
Катастрофално ниското ниво на акумулацијата во изминатиот период и нејзиното интензивно празнење кое трае и во моментот, го спушти нивото на кислород на алармантни 2 mg/L. Ова е за повеќе од половина од вообичаено присутниот кислород во нашите води, а кој е потребен за опстојување на рибата. И покрај тоа што позицијата на рибниците е точно над поранешното течение на Црна Река, овој помор до моментот се случува само во овој дел. До сега не е забележан помор на рибниците на нашите партнери, пријатели, соработници кои се распоредени на други позиции низ акумулацијата и се надеваме дека ќе остане така.
Со случајот се запознати челниците на Владата и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Уште во текот на вчерашниот ден, направен е увид од Ветеринарен инспектор, земени се мостри од водата од страна на ИЈЗ, а однесени се мостри од водата и примероци од угината риба во Агенцијата за Храна и Ветеринарство во Скопје на дополнителни анализи и испитувања. Заедно со овие наоди, случајот ќе биде пријавен во Министерството за Внатрешни работи, стои во објавата на Фејсбук страницата „Златен крап“.
Алармантна е состојбата и со останатите езера во Македонија.
Во март месец годинава Тиквешко езеро беше намалено за 70%, езерото Калиманци беше намалено за 75%, езерото Турија беше намалено за 65% и Стрежевско езеро беше намалено за 72,5%.
Дебарското, Мавровското езеро и Козјак се сведени најниското можно ниво до сега, риболовните друштва тврдат дека количеството на риба, односно рибниот фонд е намален за повеќе од 90% , нема веќе ни риби по езерата.
Дека ситуацијата е алармантна може да види ако се спореди водостојот на овие езера низ последниве неколку месеци од состојбата пред неколку години.
Преспанско езеро изгуби вода во количина колку две Дојрански езера, од страна на Албанија веќе се подготвува студија за тоа што се слулува со Преспанското езеро, а од друга страна тажни фотографии прикажуваа ова лето граѓаните во посета на ова езеро кое е пред исчезување, надлежните сеуште без план за реагирање.