ГОЛЕМО НАУЧНО ОТКРИТИЕ – пораснале функционално човечко срце во лабораторија со помош на матични клетки

Стотина илјади луѓе моментално чекаат за пресадување на срце, но како што донори има се помалку, многу пациенти нема да дочекаат трансплатација. Да се порасне срце во лабораторија стана еден од основните задачи на медицинската заедница. Студијата објавена во списанието “Circulation Research” направи еден значаен чекор кон остварување на таа задача. Тим на истражувачи успешно порасна функционално човечко срце со користење на матични клетки.

86e3051348d754a45bde879c1a1c1d4d

Тим од научници од општата болница во Масачусец и Медицинското училиште на Харвард го применија овој концепт.

Основните проблеми кај трансплатацијата на срце, освен малиот број на донори, е дека примателот на органот ќе го исфрли срцето. Имуниот систем на страно ткиво реагира како на закана, па ќе го напаѓа и ќе се обиде да го уништи. Единствениот начин ова да се запре се лековите кои го гушат имуниот систем, што успева само во одредени случаеви.

За оваа студија 73 човечки срца се сметале дека не одговараат за трансплатација, па внимателно се ставени во раствор кој требало да ги ослободи од сите келии кои би го предизвикале имуниот систем. Опстанал само средишниот дел на срцето со својата сложена структура и крвни садови, кој послужил како основа за нови срцеви келии.

Матичните келии имаат способност да се претворат во било која врста на келии на телото, вклучително коски, нерви, па дури и мускули. Тие се наведени да станат срцеви келии, откако ќе бидат одгледани во лабораторијата. После две недели добиени се незрели, но комплексно структуирани срца. Тимот ги исложил срцата на електрицитет по што тие почнале да отчукуваат.

6c7f14f13f8a3a2d2c79509206ee4d62

Она што е посебно добро во овој случај е фактот што растењето на срцевите келии на овој начин, имуниот систем ги препознава како “пријатeлски” , како да се келии кои потекнуваат од домашното тело. Тоа значи дека овие срца нема да бидат отфрлани и дека болните нема да треба да чекаат на донор.

  • Нашиот следен чекор е подобрување на методот со кој ќе одгледаме уште повеќе срцеви келии – вели Жак Гајет, истражувач од Харвард.

Иако за време на студијата произведени се неверојатни 500 милиони срцеви келии, за да се порасне цело срце потребни се “десетина милијарди” келии.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.