Нова измама со која крадците добиваат пари од ваша сметка, кружи деновиве, а се започнува со една наивна СМС порака. Луѓето прво добиваат порака на телефоните, а таа делува како да е испратена од банка, а потоа следи шок.
Во неа пишува дека неодамна имало сомнителни трансакции на вашата сметка, а потоа следи и број на кој корисникот треба да се јави.
За жал, голем број луѓе наседнуваат на оваа измама и вртат на бројот, по што личноста која им се јавува е всушност измамникот кој ќе биде многу љубезен и ќе ви ги украде со своите упатства сите пари од сметката.
На овој начин Карли Пеарлсон од Велика Британија загубила 71.000 фунти.
Затоа бидете внимателни и не наседнувајте на пораки од овој тип