САД и Европската унија се договорија за смалување на царините и трговските бариери на нула за трговската размена помеѓу Америка и Европа, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во текот на вчерашниот ден.
Автомобилите ќе бидат исклучени од нултата тарифа, нули субвенции и нулти бариери. Трамп тоа го нарече “голем ден” за “слободата и фер трговијата”.
За да се спречи трговската војна помеѓу САД и ЕУ, европската делегација која ја предводеше претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, се согласи да купува повеќе земјоделски производи од САД, да ги сведе царините на индустриските производи, освен на автомобилите на нула и да го зголеми увозот на американски течен гас, пренесува “Волстрит Журнал”.
President Trump and the President of the European Commission Deliver Joint Statements https://t.co/lfkfb7qSBC
— The White House (@WhiteHouse) July 25, 2018
Tрамп во средата попладне го потврди извештајот преку говор пред Белата куќа.
“Би требало да бидеме фокусирани на смалувањето на царините”, рекол Јункер пред состанокот.
“Кога ме повикаа… во Белата куќа, имав само една намера. Да се договориме и денеска се договоривме”.