“ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА ДЛУП 2023”, групна изложба на ликовни уметници ќе биде отворена на 10 октомври 2023/ вторник/ од 18.00 ч. во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“.
Новините коишто често се појавуваат на современата ликовна сцена секогаш поттикнуваат возбуда и восхит кај верните следбеници и љубители на уметноста.
Тргнувајќи од личната потреба за творечко откривање и креативно истражување, уметниците на ДЛУП Прилеп континуирано ги развиваат своите артистички и автономни стилски изрази, а преку организацијата на разни групни и тематски изложби тие имаат можност да се афирмираат во општествените кругови оставајќи свој автентичен печат.
На 10.10.2023 година (вторник) во Ликовното фоаје при НУЦК “Марко Цепенков” – Прилеп, ликовните уметници на ДЛУП ја реализираат “ГОДИШНАТА ИЗЛОЖБА НА ДЛУП 2023” со цел заедно со граѓаните да го прослават државниот празник 11 -ти Октомври, Денот на народното востание – вели Викторија Димеска, историчар на уметност.
На изложбата ќе учествуваат активните членови на Здружението:
Александра Богоеска, Александар Џинго, Анита Сот Јовеска, Бојана Артиновска, Верче Николоска, Викторија Димеска, Елена Димоска, Емил Солески, Маја Ралева – Миладиновски, Марјан Стојановски, Марта Макеска, Методи Исков, Ферди Булут и Филип Јовески.