На Биковите се ќе им иде од рака, Близнаците ќе мора малку повеќе да се потрудат, а Рибите во новата година ќе ја исполнат секоја замислена цел.
ОВЕН – Година исполнета со подеми и падови
2019 година за Овните ќе биде време на многу падови и подеми, со помешани емоции и различни резултати. Во текот на првите месеци ќе бидете прилично анксиозни, дури и бесни, и покрај тоа што ќе ви се случат и убави работи.
Меѓу вас и членовите на семејството ќе се појави дистанца, особено со машкиот дел од роднините – татко или брат. Ве советуваме да бидете внимателни и да припазите на се што се случува околу вас. Според хороскопот, можни се и финансиски проблеми и ќе се чувствувате како животот потполно да ви се распаѓа на секое поле.
Сепак, и покрај сите случувања ќе успеете да најдете сила и самодоверба, благодарение на што ќе одите напред. Постои можност во полето на работа да има значителен напредок – да пронајдете нова сјајна работа или да напредувате во старата. За крајот на 2019 хороскопот на Овенот му предвидува одлична парична добивка и сјаен период за инвестиции или купување недвижности.
Доколку се појават здравствени проблеми, се очекува тие да се средат до крајот на летото, а препорачливо е да се позанимавате со вежбање и здрава исхрана, ако сакате да го задржите убавиот изглед.
Во втората половина на 2019 за Овенот ѕвездите ветуваат можност за исполнување на сите желби. Бидете спремни, бидејќи во најава е голем финансиски трошок поврзан со семејството, или можеби патување и некоја прослава.
Како што ќе се приближува крајот на годината, така и вие ќе чувствувате поголема позитивност, што ќе ви донесе олеснување од сите грижи. Тогаш ќе бидете спремни да го решите секое несогласување со блиските со голем успех.
Ќе имате изразена желба за патувања, а многу припадници на овој знак ќе се одлучат и на преселба во друг град или држава, поради подобро платена работа.
БИК – Очекувајте феноменална година
Според астрологијата, новата година ќе биде премногу возбудлива за Биковите, исполнета со низа изненадувања и неочекувани случувања. Годишниот хороскоп за Бикот предвидува и многу одлични шанси за напредок во кариерата и остварување на поголем профит. Студентите од овој хороскопски знак ќе добијат шанса за усовршување, дури и можност да започнат кариера во странство. Биковите кои веќе имаат остварена кариера навремено ќе ги завршат сите задолженија, со толку голема креативност која ќе се одрази на целата компанија.
Семејниот живот ќе биде исполнет со љубов и пријатни односи со сите членови на фамилијата. Сепак, ова е и време кога дефинитивно ќе мора да ги поставите своите приоритети и да се посветите повеќе на себе.
На Биковите им советуваме да не брзаат со одлуки и да не потклекнуваат пред желбите, бидејќи со неконтролирано размазување би можеле да западнете во проблеми од лична или финансиска природа. Ќе имате зголемен интерес за социјален живот и забави, сепак нека биде во граници на нормалата.
Положбата на планетите за Биковите ветува одлично влијание на сите животни полиња, а особено на љубовен план, така што, слободните припадници на овој знак може да очекуваат и брак. Што се однесува до зафатените Бикови, новата година ќе биде исполнета со љубов и хармонија.
Здравјето исто така ќе биде на завидно ниво, иако не би било лошо да припазите на изборот на храна и конечно да се одлучите за спорт кој и редовно ќе го практикувате.
БЛИЗНАЦИ – Еден совет е од клучно значење
Близнаци припремете се – на почетокот на 2019 ќе бидете на мета на своето работно место. Луѓето ќе имаат постојани барања од вас и ќе гледаат максимално да ве искористат. Останете силни. Главата горе, вие ќе си ја терате својата работа со успех.
Дајте им до знаење на своите надодредени колку допринесувате за работата, и на тој начин оние што пробуваат да ве саботираат нема да имаат успех. Годишниот хороскоп за Близнаци предвидува дека голем дел од годината ќе биде непредвидлив, но немојте да се разочарувате бидејќи ве очекува голем професионален напредок во ноември или декември.
Ќе бидете неодлучни и во односот со луѓето. Ова не е година за донесување големи и важни одлуки, но затоа постојано ќе ги премерувате предностите и маните во секоја врска. Големи се шансите да добиете желба да го промените вашиот живот од јануари до јули, но ова ќе резултира само со повеќе стрес.
Совет до близнаците: Најдобро би било да го цените она што го имате. Сепак имате одлични пријатели, семејство и меѓучовечки односи. Потребно ќе ви биде време за сето ова да го забележите. Поработете на овие односи и релации. Забавете малку, почувствувајте го мирисот на цвеќете и престанете да мислите дека тревата е позелена на друго место. Едноставно уживајте во луксузот на мирот, хармонијата и убавиот однос кој 2019 ви го носи.
Годишниот хороскоп за Близнаци во однос на здравјето предвидува мали варијации, подеми и падови, така да добро е да го имате тоа предвид. Не ги одложувајте основните работи до последен момент, како што е навремено посетување доктор.
Среќа е што имате сигурна поддршка од вашата околина и блиски личности на кои можете да се потпрете во секое време, кога и да ви е потребна помош. Уживајте и немојте да се ограничувате да го барате тоа што ви треба.
РАК – Самите на себе сте си најголем непријател
Ракови, вие верувате дека тоа што го правите е правилно. Токму затоа може да се појават фрустрации кога очекуваните позитивни резултати на работното место ќе ве заобиколат. На почетокот на 2019 вие ќе се чувствувате како да сте на врвот на светот во професионална смисла. Годишниот хороскоп за Рак покажува натрупување на проблеми во првиот дел од годината.
Наградите ќе отидат во рацете на оние кои вложиле многу време и енергија за да го постигнат тоа што го посакуваат. Доколку не сте се вложиле во работата, ќе ви биде тешко да гледате како се другите успешни. Од една страна, ќе знаете дека баш така е фер и исправно, и ќе се радувате на успехот на другите. А од друга страна пак, ќе мора да размислите за личните постапки со кои сте скршнале од патот до успехот.
Ова ќе биде година на преиспитување, кога конечно ќе сфатите на што треба да поработите за да го остварите посакуваниот успех во останатиот дел од годината. Сепак, во поглед на ова бидете без грижи – не значи дека 2019 година нема што да ви понуди. Ѕвездите ветуваат подобрување на финансиите во текот на летните месеци.
Почетокот на годината би можел да биде полн со искушенија на љубовен план. Односите кои сте пробувале да ги поправите би можеле да тргнат во сосема спротивен правец, и тоа само поради невнимателно одбрани зборови. За време на овој период, ќе сфатите дека од вашето однесување зависи буквално се. Бидете внимателни со изборот на зборови и вежбајте го трпението.
Запаметете, вие не сте секогаш во право. Посветете повеќе време на својот партнер и заеднички поработете на вашите потреби. Љубовното инвестирање е задолжително за првиот дел од 2019 доколку сакате да уживате во хармоничен однос.
Секогаш емотивниот Рак е често сам на себе непријател кога е во прашање и здравјето. Годишниот хороскоп за припадниците на овој знак ветува добри и позитивни емоции, а во здравјето не би требало да има промени доколку стресот се сведе на минимум. Дозволете си одмор и разгалување со работи кои ве прават среќни.
ЛАВ – Бурен почеток, но со малку труд се ќе се реши
Годишниот хороскоп за Лавот предвидува прилично бурен почеток. Промоции, признанија, внимание…сите работи за кои Лавот живее. Ваквите успеси ве очекуваат во текот на целата 2019 година, што е сосема добро во поглед на исполнувањето на новите идеи и проекти кои ви беа запоставени. Започнување со нова работа или подобрување на старите односи може да резултира со голем успех. Најдобар совет за 2019 е да продолжите да барате нови можности, затоа што можете и многу да добиете.
Ако нешто не иде како што треба, престанете да губите време. Погледнете на работите од друг агол. Годишниот хороскоп за Лавот покажува голем успех во текот на годината, така да, ако една врата се затвори, друга ќе се отвори. Без нервози, бидејќи имате опции на располагање.
Лавот понекогаш може да биде крал на драмата. Имајте го ова на ум доколку вашата љубовна врска тргне во лош правец на почетокот на годинава. Не мора да значи дека е ваша вина, но тешко е да ги сакаме другите ако трошиме премногу време сакајќи се само себе. Мора да посветувате повеќе внимание на вашите сакани. Престанете да мислите само на себе, барем на некое време.
Хороскопот покажува дека луѓето нема многу да сочувствуваат со вас и моќно е вашата врска да претрпи потешкотии во првата половина на 2019. Ќе морате да се потпрете самите на себе доколку сакате да ги решите проблемите кои ви претстојат. Или уште подобро, не правете проблеми каде што ги нема. Ако се јави некој проблем, решете го и продолжете понатаму. Со самата промена на вашата реакција кон проблемите ќе им помогне и на вашите блиски да останат покрај вас.
Витални сте и моќни, здравјето ќе ве служи сосема одлично. Консумирајте здрава храна, вежбајте, и што повеќе време двоете за опуштање. Одморот да ви биде клучен за 2019 година. Ќе имате многу случувања во текот на целата година и може да бидете во искушение да ги прескокнете вежбите или планот за одмор, а тоа да се одрази негативно. Запаметете дека за здравјето најважна е умереноста во се.
ДЕВИЦА – Проблеми во кариера и разнишани односи со блиските
Во 2019 година, важно е да не ги форсирате работите. Годишниот хороскоп за Девица предупредува дека ваква невнимателност може да доведе до сериозни проблеми со финансиите и кариерата. Затоа, ќе ви биде потребно време да проверите дали сте изработиле онака како што треба. Доколку постојат „лабави“ страни во работата, решете ги навремено, за да не ви создадат главоболки понатаму.
Документите проверувајте ги по два пати. Не брзајте со кои било долгорочни решенија оваа година, бидејќи можете да налетате на нови предизвикани проблеми. Користете совети од професионалци, како адвокат или сметководител во текот на годината.
Годишниот хороскоп за Девица ветува напредок во кариерата од почетокот на месец март, само доколку не ги забрзувате невнимателно работите. За да не ги пропуштите можностите на пролетта, повежбајте на довербата и следете ги правилата на животот. Следуваат награди за вашиот труд.
Исто така, ѕвездите предвидуваат и недоразбирања во интимните односи на почетокот на 2019. Ќе ви биде потребно време да ги решите проблемите. Не очекувајте работите да се решат едноставно, само затоа што вие сакате се оддеднаш. Новата година ќе ви биде идеална прилика да поработите на интерперсоналниот однос со помош на надворешна поддршка. Со доаѓањето на летото и вие ќе бидете во многу подобра позиција што се однесува на разменување нежности и љубов. Посветите повеќе време на саканите и ќе добиете многу повеќе за возврат од нив.
Што се однесува до здравјето, не постои простор за грижи. Здравјето добро ќе ве служи. Останете во форма, хранете се здраво и поработете на стекнување здрави навики. Ако ви здосади секојдневието, пробајте се во некој интересен спорт и веднаш ќе забележите разлика.
ВАГА – Нова љубов и сјајно здравје
Кај Вагите, стабилноста и рамнотежата се премногу важни. Годишниот хороскоп за Вагата, покажува дека ова ќе биде голема година бидејќи носи многу новости. Тоа ќе ги инспирира Вагите да се развиваат на секое поле и да испробуваат нови работи.
Бидете спремни за некои мали проблеми на почетокот на годината, бидејќи следат предизвици во поглед на кариерата, но нема да биде ништо што не може да се надмине. Сигурно ќе се појави некоја посебна личност која ќе се труди да го добие вашето внимание, но држете ги страстите под контрола. Не дозволувајте ветувањата од вистинската љубов да ги изгорите во пламенот на оваа романса.
Годишниот хороскоп за Вага предвидува случувања на многу работи во текот на 2019. Лошата финансиска одлука или едноставно лошиот тајминг ќе предизвикаат немир во работната средина. Немојте да паничите.
Искористете ја својата способност за бавно и стабилно решавање на проблемите. За да се вратите на правиот пат ќе биде потребно да ги преуредите некои работи, што подразбира планирање, а тоа на вас одлично ви оди. И покрај тешкиот почеток, стресот околу финансиите ќе ве мотивира да се потрудите и конечно да почнете да напредувате во секоја област во животот.
Нова романса е на повидок. Понекогаш премногу страсти Вагите може да ги донесе до степен на паника. Меѓутоа, желбата за поседување не е воопшто романтична. Тоа е она што треба да го контролирате. Доколку се почувствувате преплавени од љубов, закочете малку. Забавете и опуштете се.
Вежбајте на довербата, како во романтичните, така и во платонските врски, или бидете спремни на несогласувања во текот на летото. Во поглед на пронаоѓањето пријатели или нова љубов, бидете отворени за се. Ѕвездите ви ветуваат мир и хармонија во текот на ноември и декември, независно кој пат ќе го одберете.
Се додека се фокусирате на балансирање на својот живот оваа година, годишниот хороскоп покажува дека нема да имате здравствени проблеми. Влијанието на Сатурн ќе помогне работите да се стабилизираат и да ја повратите енергијата и силата. Оваа година полесно ќе ја игнорирате потребата да работите повеќе отколку што можете.
ШКОРПИЈА – Конечно баланс на секое поле
Годишниот хороскоп за Шкорпиите предвидува баланс на секое поле. Следуваат многу успешни зделки, а продуктивноста би била уште поголема доколку вашата ментална снага ја поттурне волјата на повеќе акција. Јупитер ќе влијае да посакате да промените некои работи и да таа промена биде неопходна. Затоа, ако сте незадоволни, променете нешто. Време е да ги преиспитате полињата во кои не напредувате и да почнете да ризикувате за да ви тргнат работите на подобро.
Вашата креативност ќе го достигне врвот во оваа година, така да, соберете храброст за да ги испробате сите „луди“ идеи кои ќе ви дојдат на ум.
Шкорпии, страста и љубовта никогаш не претставувале проблем за вас. Вие секогаш знаете што сакате и обично тоа и го добивате. Особината која ви недостасува е дружење и поврзување со луѓето, но во 2019, вратата за оваа опција ќе ви биде широко отворена. Доколку сте интровертни, вашиот партнер ќе ве замоли да се отворите. Сторете го тоа.
Во тековната година ќе бидете полни со занесна енергија и креативност. Пренесете дел од оваа енергија и на меѓучовечките односи и ќе се изненадите од резултатот, иако на почетокот ќе ви биде непријатно, дури и застрашувачко. Годишниот хороскоп за Шкорпијата покажува дека ќе бидете наградени. Доколку сте без партнер, што обично кај вас не трае долго, бидете трпелливи и почекајте да се појави една посебна личност.
После напорната 2018, годишниот хороскоп за 2019 кажува дека ќе влезете малку истоштени во новата година. Дозволете му на своето тело да се одмори и дајте му време за тоа. Сепак, новата година ветува многу страст и голема креативна енергија за која не морате да се борите како во претходната.
Меѓутоа, таа енергија ќе дојде само доколку не сте премногу истоштени да ја примите. Затоа, во првиот дел од годината мора повеќе да се опуштите. Медитирајте и добро одморете се, а виталноста брзо ќе се врати.
СТРЕЛЕЦ – Мора да почнете да мислите на себе
Годишниот хороскоп за Стрелец покажува подеми и падови. Во претходните години ви било важно да напредувате во поглед на кариерата и финансискиот статус. Во 2019, на Стрелците ќе им се види напорно толку планирање. Спротивно на ова, во тековната година трудот и планирањето ќе го тргнете на страна. Во новата 2019 се додека повеќе се концентрирате на задоволство, се и ќе биде во ред. Доколку не наоѓате задоволство во работите што ги правите, ќе мора повеќе да се потрудите за да ги одржите работите во редослед.
Хороскопот за Стрелец за 2019, предвидува проблематични односи со семејството и пријателите. Сепак, нема да биде лошо да дознаете на кого може да се потпрете. Што се однесува до вас, вие ќе бидете во максимална форма, со сите можни квалитети кои Стрелецот го прават привлечен.
Токму тоа можно е да предизвика љубомора кај некои пријатели кои се чувствуваат загрозени во ваша близина. Немојте да носите никакви дефинитивни одлуки, но немојте ни да се ограничувате, дружете се со оној најмногу ви одговара. Сепак, оддалечете се од тип на луѓе со зајадливи коментари. До крајот на годината, вистинските пријатели ќе останат и понатака блиску. Како и една посебна личност.
Сега кога Плутон се повлекува, здравствената состојба на Стрелците се подобрува. За жал, повеќето Стрелци ќе мора да поработат на здравјето во првата половина од годината. Новата година за вас е идеална година да воспоставите ред во сонот, редовно да вежбате и здраво да се храните.
Ќе ви бидат потребни месеци да ја вратите рамнотежата во организмот, затоа почнете од јануари и сменете се што влијае на вашето здравје. Размислете за внесување витамини како додаток во исхраната. Бидете истрајни во тоа да вежбате барем 30 минути дневно. Вашето ментално здравје прилично доста се борело изминатата година и со помош на физичка активност ќе успеете да се вратите во форма. Оваа година ќе бара многу енергија од вас, затоа обезбедете си мирен сон и психички одмор.
ЈАРЕЦ – Време е да го преиспитате својот стил на живот
Годишниот хороскоп за Јарец покажува дека довербата ќе биде на ваша страна, благодарение на влијанието на Сонцето во секое поле од вашиот живот. Како и обично, луѓето ќе ве надгледуваат и ќе се запрашуваат како постигнувате да завршите се. Но, не дозволувајте тоа да влијае на вашиот напредок. Добра вест е дека ќе бидете особено отворени. Ќе бидете спремни да ги споделите своите тајни, својата енергија и успех.
Ама бидете внимателни, затоа што постои разлика помеѓу работа и жртвување на своите напори со цел да останете популарни. Бидете свесни за оние кои се обидуваат да ги украдат плодовите на вашиот труд.
Во поглед на друштвениот живот, Марс ќе има големо влијание во 2019. Првите месеци од годината нема да бидете друштвени како обично, па дури и мрзоволни. Луѓето ќе бидат зачудени од вашата намалена желба за излегување и одење по прослави. Социјализацијата со позитивни луѓе е особено важна за вас поради потрошената енергија во претходната година.
Хороскопот за Јарец кажува дека во годината што следува треба да се фокусирате на ревитализација и области кои се навистина од значење, наместо да губите енергија на неважни работи. До есента подобро ќе разберете како да најдете рамнотежа во животот. Со совладување на внатрешните стравови ќе успеете и во други полиња од вашиот живот. Немојте да очекувате големи чекори на интерперсонално ниво доколку не поработите на себе и си ја култивирате сопствената личност.
Време е да го преиспитате својот стил на живот во новата година што следи. Изминатите години сте го занемариле здравјето. Сепак, ќе мора повеќе да се погрижите за себе. Ви следува психичка борба со влијанието на Сатурн. Се препорачуваат соодветна исхрана, вежбање и одмор.
Бо секој случај, ќе пронајдете мир и животна рамнотежа со доаѓањето на есента. Само, прашањето ќе биде дали новата година ќе ја потрошите во борба со себе или ќе се потрудите да ја подобрите здравствената состојба.
ВОДОЛИЈА – Време е да ги совладате внатрешните стравови
Годишниот хороскоп за 2019 покажува дека Водолиите оваа година ќе ги собираат плодовите на работата од минатата година. Можеби нема да доживеете спектакуларен финансиски успех, но секако ви следи напредок. Доколку некој проект не наиде на посакуваната поддршка, тоа само ќе ве мотивира да пристапите со нови, свежи и многу подобри идеи. Најдобро е да започнете со нови проекти до крајот на пролетта или и понатаму да ги развивате оние кои се добри.
Запаметете, плевелот може да го убие она што пробувате да го одгледувате. Нептун сеуште кружи во вашата куќа на пари и во 2019. Ослободете се од старите идеи и вложете се себеси во нови. Потрудете се да ги оставите долговите позади вас, како и проблемите, за да и ослободите место на идната продуктивност.
Ова е година на промени. Многу често Водолиите ги избегнуваат романтичните и интимните односи на долги патеки во корист на својата независност. Благодарение на движењето на Нептун, вашата чувствителна природа ќе започне да тежнее за нова животна лекција која може да донесе и сериозна врска. Тоа може да значи и давање шанса за раст и развој на веќе постоечката врска.
Венера ќе ви ја даде потребната поддршка да уживате во нови задоволства со вашиот партнер. До есента, голема е можноста да го отворите своето срце засекогаш. Нема да се плашите целосно да се предадете во текот на тој период. Можеби сеуште не сте спремни да се посветите на некој во потполност, но дојде време да се ослободите од тие стравови. Вашата мирна природа и овој пат ќе ви помогне да постигнете заедништво.
На здравото тело му е потребен смирен ум. Кога вашиот внатрешен свет ќе започне да се смирува, дури тогаш ќе ги почувствувате ефектите на добрата енергија. Ќе почувствувате директна корелација помеѓу виталноста и менталниот напредок. Продолжете да работите на сопствениот мир и спокој и исфрлете го стресот преку дневна релаксација.
Кога е во прашање здравјето, нема простор за загриженост за Водолиите во новата година што следи.
РИБИ – Се ви оди баш како што треба
2019 година е паричка со две страни за Рибите. Годишниот хороскоп покажува голем успех кога се во прашање сите полиња, освен меѓучовечките односи. Кариера, пари и желбата да учите и да ги развивате своите способности ќе ја обележат првата половина. Во другата половина на 2019 ќе биде потребно да вложите многу повеќе труд и напор за да ги одржите работите под контрола.
Но, тоа не е проблем за вас. На Рибите никогаш не им било страв од напорна работа. Кога се во прашање меѓучовечките односи, Рибите во новата година ќе имаат поголеми предизвици. Ќе ви биде потребно да одвоите повеќе време за да ги разберете и решите проблемите кои ви претстојат. Добра вест е што умеете да сфатите дека токму тие потешкоти и предизвици вас ве прават посилни. Чувствителни, а борбени, личностите родени во знакот на Риба ги чека мир во 2019 година.
Вашата напорна работа конечно ќе вроди резултати, ветуваат ѕвездите за новата година што следи. Во почетокот на годината, веројатно е да добиете финансиски профит. И да не сте започнале некој нов проект не е важно, бидејќи среќата постојано ќе ве следи кога се во прашање финансиите. Се ќе си дојде на свое место кога најмалку очекувате. Ќе се изненадите какви се можности ве опкружуваат. Сепак, најдобар дел од годината за бизнис зделки е првиот квартал, бидејќи подоцна вашиот успех ќе биде пропратен со проблеми. Бидете спремни вредно да работите, затоа што првиот период на лесен успех брзо ќе помине.
Што се однесува до семејството и пријателите, се е во ред. Ќе добиете удобност и блискост, но мора да вложите повеќе труд во односот со луѓето и околината. Во јули, вашата врска ќе наиде на потешкотии, а тоа ќе биде добар момент да го преиспитате вашиот односот. Дали сте среќни во таа врска? Ако одговорот е не, тогаш морате да согледате колку давате и колку добивате за возврат.
Проблемите лежат кај еден од вас. Одвоeте време да дознаете од каде потекнуваат проблемите и пробајте да ги решите. Иако ќе има простор за недоразбирања и во септември и октомври, важно е постојано да вложувате љубов, нежност и доверба во вашата врска. Доколку работите тргнат на лошо, сепак ќе сфатите дали воопшто можете да се потпрете на партнерот.
Лесно е да се чувствувате добро кога во животот ви оди се како што треба. После напорната работа која сте ја изработиле, заслужувате признание. Но, не дозволувајте да се препуштите премногу на задоволствата. Морате секогаш да водите сметка за начинот на живот, за да не го загрозите вашето здравје. И покрај успесите кои ќе ги триумфирате во почетокот на 2019, сепак бидете умерени во се. Тоа ќе ви биде од клучна важност доколку сакате да бидете здрави во текот на новата година.
Извор: “НетПресс”