ГЛЕДАТЕ ВО ГРОБОТ НА СВЕТИ ПЕТАР: Како се откриени моштите на ученикот од Христос

Ранохристијанските автори се сложуваат погребот на Свети Петар бил на Ватиканскиот рид, кој во 4 век за време на Константин Велики е порамнет за да се изгради базилика. Нејзиниот олтар е сместен точно над местото за кое верниците сметале дека е гробница на Свети Петар, но археолошките ископувања започнале во 20 век.

Grobnica-Svetog-Petra-u-bazilici-koja-mu-je-posvecena-u-Vatikanu-670x502

Според црковното предание Свети Петар е погубен во Рим, распнат на крст кој бил свртен на долу. Тој сам така барал бидејќи сметал дека не е достоен да биде убиен на ист начин како што е убиен и Исус Христос.

Латинската традиција и понатаму тврди дека тоа се случило на местото кое денес го има Клементинската капела.

Со ова се согласуваат голем број ранохристијански автори меѓу кои Јевесвиј Кесаријски, Тертулијан и Свети Јероним Стридонски. Сите тие го насочуваат прстот кон Ватиканскиот рид, како локација на распнувањето и погребот.

На почетокот од 4 век царот Константин Велики одлучил да оддаде почест на Свети Петар така што му посветил голема базилика (храм) во Рим.

Локацијата на која сакал да се изгради храмот била проблематична, па морало да се порамни Ватиканскиот рид, да се раскопува, заедно со гробницата која се наоѓала тука, што претставувало голем морален и правен проблем.

Raspece-Svetog-Petra-slika-slavnog-Karavadja-670x866

Фокусната точка на храмот е олтарот кој се наоѓа точно над местото кое според традицијата се смета за гробот на Свети Петар.

Меѓутоа, моштите на светецот не биле пронајдени од верниците. Дали се тука или преданието грешело, не се знаело.

За време и по Втора светска војна се извршувале ископувања под олтарот на храмот на Свети Петар, баш на она место кое според преданието е гробот, откриени се коски на четири луѓе и неколку домашни животни.

Потоа се дознало дека без знаење на археолозите некои коски се пронајдени во сверниот ѕид на овој локалитет. Тоа место е значајно бидејќи на него пишувало “Petros eni” – Петар е овде.

Bazilika-Svetog-Petra-u-Rimu-670x379

По анализата на коските утврдено е дека припаѓаат на маж, кој имал 60-70 години и живеел во првиот век. 1968 година папата Павле VI дека коските припаѓаат на Свети Петар.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.