Гласаат болните и немоќни лица: 11.123 пријавени за претседателските, 11.225 за парламентарните избори

За вториот круг на претседателските и за парламентарните избори зголемен е бројот на пријавени болни и немоќни лица, кои ќе ги посетат членовите на избирачките одбори за да гласаат во домашни услови.

Од Државната изборна комисија за МИА изјавија дека утре за претседателските избори ќе гласаат 11.123 болни и немоќни лица, а за парламентарните избори бројката е поголема за 102 избирачи или ќе гласаат 11.225 болни и немоќни лица.

Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев вели дека и во Штип бројката за двојните избори е зголемена за 50 болни и немоќни лица, со што утре во домашни услови ќе гласаат 208 лица.

Тој посочува дека на 8 мај на избирачките места ќе има две гласачки кутии, едната за избор на нов претседател, а втората за избор на пратеници. Гласачите ќе имаат право само еднаш да пристапат до избирачкото место.

-Членовите на избирачкиот одбор се должни да го прашаат секој избирач, дали сака да гласа за парламентарните или за претседателските избори или пак сака да гласа за двата вида избори и при тоа да му укажат на тоа дека има право само еднаш да пристапи на избирачкот место, појаснува Вацев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.