Речиси нема човек на кој не му e потребно да да ги исфрли непотребните масти од телото, да го прочисти црниот дроб, а секому му е потребно да го заштите телото од вируси и од бактерии. Сето ова може да се постигне со само еден пијалак, пишува „Мај хелти фуд типс“. Овој напиток е многу добар и за крвниот систем, а ги прочистува коронарните артерии и затнатите вени.
Потребни состојки:
8 лимони, 4 литри чиста вода, парче ѓумбир и 8 чешниња лук
Подготовка:
Исчистете ги лукот и ѓумбирот, а лимонот исечкајте го на тркалца и сè заедно ставете во блендер. Кога ќе ја извадите смесата ставете ја во тенџере и додајте ја водата, а потоа само оставете го да зоврие. Откако ќе го тргнете садот од ринглата, процедете ја течноста во шише.
Од напитокот пијте по една кафена шолја околу еден час пред секој оброк. Најдобро е да го пиете овој напиток на празен стомак, а во периодот додека го консумирате да бидете физички активни.