Ги собраа сите пехари! Младите спортски риболовци од ЗСР “СОМЧЕ” Прилеп први на Купот “Рибарче 2025”

На 20.09.2025 во организација на Македонската риболовна федерација, на езерцето во Градски парк – Скопје, се оддржа  Купот “Рибарче”, на кој учество зедоа натпреварувачи до 15 години од цела Македонија.

На натпреварот учество зедоја и младите дечки од прилепскиот риболовен клуб ЗСР “СОМЧЕ” кои се пофалија со освоени први места во екипна и поединечна категорија.

Во тимот настапија: Матеј Трајковски, Диме Спасески и Давор Спирковски.

Честитки за младите риболовци и желби за уште поголеми успеси во иднина!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.