Морган, тинејџерка од Тексас, страшно го изненади својот партнер за матурата, кога почна да оди прв пат после 10 месеци.
Снимката од неговата реакција стана хит на интернет.
Имено, Морган пред 10 месеци била на операција која поминала лошо, па после тоа не можела да оди. Меѓутоа, благодарејќи на трудот и упорноста повторно успешно застанала на своите нозе.
-Откако не можев да одам 10 месеци го изненадив мојот партнер со ова, напиша таа на видеото кое ја прикажува реакцијата на младиот Тарик.
Емотивното видео таа го објави на Твитер, каде е прегледано повеќе од 13,4 милиони пати.
After not being able to walk with my own two legs for 10 months… i surprised my prom date with this?✨ pic.twitter.com/rKLoCoxZRL
— MoMo (@aeonianlife) April 28, 2018