Никола Тесла бил опседнат со патување низ времето. Тој работел на времеплов и наводно успеал, па затоа и рекол: “Можев да го видам минатото, сегашноста и иднината, се’ во исто време”.
Идејата за патување низ времето не е од сега. Луѓето низ историјата сонувале за таква можност. Ако погледнеме наназт, ќе најдеме бројни текстови кои можат да се толкуваат како доказ за патување низ времето.
Кога Алберт Ајнштајн ја објавил својата теорија на релативност во 1905 година, тој отворил голем број прашања, помеѓу кои и “Патувањето низ времето, дали е возможно?”
Според извештаите, во 1895 година Тесла објавил шокантно откритие сугерирајќи дека времето и просторот можат да бидат под влијание на магнетни полиња.
Експериментите на Тесла со високонапонска електрична енергија и со магнетни полиња довело до откритие дека времето и просторот можат да се деформираат и да се направи премин кој може да доведе до некое друго време. Со тоа откритие, Тесла потоа открил, низ своите лични искуства, дека патувањето низ времето доаѓа заедно со некои реални опасности.
Тесла рекол дека го погодила струја од 3,5 милиони волти.
Првите искуства кои тој ги имал со патување низ времето се случиле во 1985 година. Новинарот на Њујорк Хералда напишал дека го пронашол пронаоѓачот како седи во кафуле, откако бил погоден од 3,5 милиони волти електрична енергија.
Тесла му рекол на новинарот дека би бил мртов доколку тука не бил неговиот помошник, кој го исклучил напојувањето. Тој додал дека кога бил во контакт со резонантниот електромагнетен полнеж, излегол од својот вселенски и временски простор.
Тој рекол дека бил во можност да го види минатото, сегашноста и иднината во исто време. Тој признал дека бил парализиран во електромагнетното поле и не бил во можност да си помогне. За среќа, неговиот помошник бил покрај него и бил во можност да го исклучи напојувањето.
Многу години подоцна се случил истиот инцидент за време на експеримент во Филаделфија. Меѓутоа, за време на овој експеримент морнарите биле оставени надвор од референтниот простор повеќе време, и тоа секако довело до катастрофални резултати.