На 19.11.2025 година се одржа општинското натпреварување помеѓу средните училишта во Прилеп во конкуренција ракомет – машки.
Претставниците на турнирот достојно ги бранеа боите на своите училишта, а честа да застанат на највисоката позиција на пиедесталот и оваа година им припадна на ракометарите на гимназијата „Мирче Ацев“. Освојувањето на првата позиција на општинските средношколски ракометни натпревари за гимназијалците е традиција која трае подолг период.
Со висок степен на дисциплина, самодоверба и самоконтрола, гимназиските ракометари наликуваа на екипа од највисок ранг и со право го оправдаа приматот на најдобри средношколци во градот. Да не заборавиме дека гимназиските ракометари беа минатогодишни вицешампиони на државното првенство а традиционално важат за едни од најдобрите во државава.
Под менторство на проф, Даниел Василески, гимназијалците повторно докажаа дека со посветеноста кон спортот и ракометот се пример за сите средношколци.
Честитки и продолжете со успесите кон државната шампионска титула!

























