Новото тениско игралиште во гимназијата “Мирче Ацев” во Прилеп е скоро довршено. Останува уште да се поврзат рефлекторите на електричната мрежа за целосно да биде употребливо. Градежните работи на игралиштето се завршени.
Но, иако сеуште официјално не е пуштено во употреба, сепак учениците и практично го тестираа. Го искористија сончевото време и одиграа некој сет. Сепак, овој прв тениски натпревар беше наменски. Фотографија од натпреварот е ставена во новиот училишен календар за 2017 година.
Новото тениско игралиште ја прави нашата Гимназија – училиште со најдобри услови за спорт. Гимназијата има спортска сала, фитнес сала, вештачка карпа, повеќенаменско игралиште и сосема ново тениско игралиште.