Гест за почит! “Кожувчанка” донираше 50.000 литри вода за жителите од погодените подрачја од поплавите во општина Ресен (ФОТО)

Во знак на солидарност и поддршка, компанијата Кожувчанка испорача 50.000 литри природна Изворска вода за жителите на најпогодените подрачја во Општина Ресен.

-Со оваа донација, сакаме да им помогнеме на семејствата кои се соочуваат со последиците од поплавите и да им ја обезбедиме најосновната, но и најважна потреба – чиста и безбедна вода за пиење. Нашите мисли се со сите засегнати. А ние сме секогаш тука да помогнеме кога е најпотребно – велат од “Кожувчанка”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.