Героски ги објави со имиња и презимиња актерите во Меѓународниот сојуз на Боки 13

Сѐ повеќе и сѐ погласно се зборува дека невладината организација на Бојан Јовановски, осомничен во аферата „Рекет“, Меѓународен сојуз, неизбежно мора да биде опфатена со истрагата за делата за кои е осомничен Јовановски – рекет, изнудување и перење пари. Моите сознанија, што ќе ги пласирам во овој напис, се дека оваа невладина организација е искористена како покритие за активностите за кои е осомничен популарниот Боки 13-ка – пишува новинарот Бранко Героски на порталот „Плусинфо.мк“.

Во овој текст нема да има псевдоними и измислени имиња. Напоменувам дека како и до сега, така и во овој момент сѐ уште, ниту еден од личностите што ги именувам не ги доведувам во врска со измислените ликови Коки, Фрики, Кики и другите, од моите поранешни фикциски, а сепак вистинити приказни. Нагласувам дека секое самопрепознавање или препознавање е лична одговорност на оние што ќе се самопрепознаат или ќе доведат во врска некои од ликовите за кои пишувам во овој текст со псевдонимите од моите поранешни приказни.

Целиот текст на “ПЛУС ИНФО”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.