Героски: ВМРО-ДПМНЕ се етаблираше како водечка сила во земјата!

Уредникот на Слободен Печат, Бранко Героски, во својата денешна колумна прецизно ги анализираше изборните резултати од претседателските избори од вчера.

Героски вели дека победата на Пендаровски е јасна и недвосмислена, но, во исто време се покажува дека ВМРО-ДПМНЕ се намеѓетнува како водечка сила во земјата.

Со близу 380.000 освоени гласови и со победа во поголемиот дел од македонските општини, ВМРО-ДМНЕ во овој момент се етаблира како водечка политичка сила во земјата. Тоа е факт што не може да се одрече, без оглед што ова не беа парламентарни, туку претседателски избори. Не само што се потврди, туку и се засили одличниот резултат на партијата по првиот изборен круг – пишува главниот уредник на Слободен Печат

Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.