Градоначалникот Ристески оствaри средба со германската амбасадорка во Македонија Кристине Д. Алтхаузер. На средбата амбасадорката беше запознаена со културно – историското наследство на Прилеп, неговата богата историја и со неговиот стопанско-индустриски потенцијал. Разменувајќи си подароци во знак на срдечност и добредојде Градоначалникот Ристески изјави дека соработката со германската амбасада секогаш била на завидно ниво, а таква ќе остане и во иднина.