Минималната плата во Германија би требало до средината на 2022-ра година да порасне за 11,7%, заклучија едногласно претставниците на синдикатите, работодавците и академската заедница.
Моментално минималната плата во најголемата европска економија изнесува 9,35 евра по час, а до средината на 2022-ра година би требало да порасне на 10,45 евра по час, се согласи комисијата која според одлуката на владата треба да ја состави препораката.
Препорачано е до почетокот на идната година да порасне на 9,50 евра по час, кон средината на 9,60 евра, а на почетокот на 2022-ра година на 9,82 евра. Конечниот износ од 10,45 евра по час би требало да биде воведен кон средината на 2022-ра година.
Препораката била усвоена едногласно, а владата сега мора да го преточи планираното зголемување на минималната плата во закон и се очекува да ги следи препораките на комисијата.
За зголемувањето на минималната плата во Германија се дебатираше во контекст на економската криза која ја предизвика пандемијата на коронавирусот. Работодавците притоа предупредуваа дека превисоката минимална плата би можела да им наштети на претпријатијата, додека синдикатите бараа да се зајакне позицијата на работниците
Германија ја воведе минималната плата на почетокот на 2015-та година. Тогаш изнесуваше 8,50 евра по час.