Најтиражниот германски весник “Билд” објави пресмета дека Кина и “должи” на Германија околу 150 милиони евра за последиците предизвикани од корона вирусот врз германското стопанство.
Германија му се придружи на Франција, Велика Британија и САД во посочувањето на прстот кон Кина која ја сметаат за одговорона поради ширењето на корона вирусот.
Според овие земји, Кина од каде потекнува вирусот, ја прикривала големината на кризата, а изворот на зapaзата сеуште останува непознат.
Во саботата, американскиот претседател Доналд Трамп, истакна дека Кина треба да сноси последици доколку е „свесно одговорна“ за ослободување на пандемијата на коронавирус.
Претседателот Трамп им рече на новинарите: „Можеше да биде стопиран во Кина пред да започне, а не беше, па целиот свет страда поради тоа”.