Потребата за работна сила во Германија во периодот од 2017 до 2035 година ќе се намали за 1,13 милиони.
Дигитализацијата сепак не укинува онолку работни места колку што се мислеше – многу работни места исчезнуваат, но затоа се отвараат нови. Сето тоа со себе носи и поголема миграција во Германија – од Европската унија, но и од трети држави.
Тоа е заклучок на најновото истражување на Фондацијата “Бертелсман” наречено “Доселување и дигитализација”, пишува Дојче Веле.
Авторите на истражувањето прогнозираат дека во идинина речиси 80% од додадената вредност во преработувачката индустрија, како и во секторот на услуги, ќе се потпира на дигитални темели.
“Најголем е недостатокот на висококвалификуван кадар. Сега побарувачката на висококвалификувани работници е далеку поголема од понудата. Тој тренд се очекува да продолжи и во иднина”, се наведува во истражувањето.