Министерот за финансии на сојузната покраина Хесен, Томас Шафер се самоуби, а премиерот на покраината верува дека причината се финансиските тешкотии предизвикани од пандемијата на коронавирус.
„Започнуваме од фактот дека Шафер беше многу загрижен за тоа дали ќе може да ги исполнува огромните очекувања на граѓаните за исполнување на нивните обврски за финансиска помош, што се должи на кризата со коронавирусот, рече федералниот премиер на Хесен, Волкер Буфиер.
Говорејќи пред јавноста, тој рече дека Шафер бил „очаен“ поради финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус.
„Тој работеше
деноноќно да ја стави оваа криза финансиски и организациски под контрола до последен момент. Морам да започнам со тоа што ќе кажам дека тие грижи го совладаа“, рече Буфиер.
Томас Шафер (Кристијанско демократски сојуз на ЦДУ) беше пронајден мртов ноќеска на железничката пруга во близина на Франкфурт. Полицијата сега истражува детали за самоубиството, а Франкфуртер Алгемајне Цајтунг известува дека Шафер оставил и проштално писмо.
Педесет и четиригодишниот Шафер, оженет и татко на две деца, се сметаше за потенцијален наследник на Буфиер на чело на ЦДУ за сојузната држава Хесе.
Шок од смртта на министерот за финансии на Хесе изрази и претседателката на ЦДУ, Анегрит Крамп-Каренбауер.
„Веста за смртта на Томас Шафер нè шокираше сите во ЦДУ. Јас сум без зборови“, рече Крамп-Каренбауер.