Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изврши дополнителен притисок врз Европската агенција за лекови (ЕМА) пред католичкиот Божиќ да издаде дозвола за употреба на вakцина против Koвид-19 на Фајзер и БионТек.
– Нашата цел е да се одобри употребата на вakцината пред Божиќ, за да можеме да почнеме со вakцинирање оваа година, истакна Шпан.
Притисокот што го прави германскиот министер за здравство врз ЕМА се однесува на вakцината што ја разви германската фармацевтска компанија БионТек во соработка со американскиот Фајзер и која веќе им се дава на граѓаните во Велика Британија, Канада и САД.
ЕМА најави состанок на 29 декември во врска со вakцината, а директорката на ЕМА, Емер Кук, рече дека нејзиниот тим работи „без престан“.
Проблем може да биде и тоа што ЕУ планира да се почне со вakцинација во исто време во сите 27 земји-членки, а Германија веќе е подготвена да почне масовна вakцинација на своето население.
Шпан исто така изјави дека Германија е подготвена во јануари да вakцинира меѓу три и четири милиони Германци со вакцините на БионТек и Фајзер, уште 11 милиони во текот на првиот квартал од следната година и дури 60 проценти од германските граѓани до крајот на летото 2021 година.
Во последните 24 часа во Германија се регистрирани нови 14.432 случаи на кopoнавиpyc.