Гајдов со сериозни обвинувања за Фрчкоски, се повикува на цврсти извори

Вечерва се одржа промоција на избрани дела на Стојан .

Во колекцијата од десет томови застапени се книгите: „На мој начин“, „Моите патувања“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“ ,„Приказната на Марија“, „Драматичната 1991 година“, „1992-година на опасни предизвици“, „Успеси и заговори -1993 година“ и „Пред атентатот и по него“.

За мемоарско-публицистичките и литературни дела говореше надворешно-политичкиот коментатор Љубомир Гајдов.

Меѓу другото, Гајдов говореше за атентатот на екс-претседателот на Република Македонија, покојниот Киро Глигоров.

Откри шокантни детали за начинот на кој тогаш постапувал Љубомир Фрчкоски, како министер за внатрешни работи. Раскажа што тогаш дознал од моќни луѓе со богати сознанија.

-Одма по атентатот, три истоветни телеграми дојдоа од Вашингтон од ЦИА, од Лондон и од Минхен. Пишуваше „Ништо не пипајте, доаѓаат нашите експерти“. Ама вашиот министер на полиција го однесе Мерцедесот во непознат правец, после 120 минути. Зошто, прашав јас наивно. Тој е мозок на атентатот, ми вели, обелодени Гајдов.

На Црвенковски, вели Гајдов, му барале да го смени Фрчкоски од министерското место.

Многу повеќе, слушнете во неговиот говор:

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.