За кардио-хирургот Сашко Кедев кој своевремено беше и кандидат за претседател на Македонија е познато дека е вљубеник во планинарењето, а се чини таа љубов ја пренел и на неговата партнерка Ганка Цветанова, поранешна министерка за култура.
После бројните успеси најновиот врв кој оваа двојка успеа да го искачи е швајцарскиот Монк (4.107 метри).
Mönch 4107m ???? pic.twitter.com/Iw6XWj40Uo
— Ganka Cvetanova (@gankacv) August 3, 2019
Ова не е прв ваков подвиг на Кедев и Цветанова, имајќи предвид дека до сега заедно качиле многу планински врвови.
Претходно тие беа и на Аконгаква во Аргентина.За Кедев ова е вторпат како го освојува Аконкагва, со висина од 6.962 метри надморска височина. Цветанова, пак, не успеала да се искачи до крај, стигнала само до 6.000 метри надморска височина.
А беше развеано македонското знаме…
Станува збор за највисокиот врв во западната и јужна хемисфера. Се наоѓа на планинскиот венец Анди, на територијата на денешна Аргентина во близина со чилеанската граница, односно на 15. километри од самата граница.