Рекордна заинтересираност за скокање по Светиот крст во Прилеп. Дури 86 души скокнаа во водите на базентот во хотел “Сонце” каде традиционално се одбележува празникот Богојавление- Водици.
Просторот околу базенот беше претесен да ги собере сите верници, а најсреќен беше Дарко Јанкоски кој прв стигна и го изваде од водата Светиот крст. После 7 години, оваа беше најсреќна за него.
[Best_Wordpress_Gallery id=”432″ gal_title=”Vodici2017″]
Општина Прилеп во соработка со компанијата “Зегин” на најсреќниот му доделија телевизор и златен крст.