Денеска е 7-ми Април, Светскиот ден на здравјето, кога се одбележува основањето на Светската здравствена организација (СЗО).
Празнувањето на овој ден датира од 1948 година, кога Светската здравствена организација одреди 7-ми април да биде Светски ден на здравјето.
И здравствените институции во градот под Марковите Кули на достоинствен начин го одбележа овој ден и се приклучија кон празнувањето на своите колеги ширум државата и светот.
[Best_Wordpress_Gallery id=”204″ gal_title=”Денназдравјето”]
По повод светскиот ден на здравјето 7ми Април, синдикатите на ЈЗУ Општа болница ”Борка Талески” – Прилеп и ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп, секоја година организираат прослава на која што им доделуваат благодарници и скромни награди на своите вработени кои што слават јубилејна 25 годишнина од работниот стаж, а не остануваат заборавени ниту вработените кои што оваа година стануваат пензионери. Така и оваа година прославата беше организирана во ресторан „Центар“. Претседателот на синдикатот на ЈЗУ Општа Болница Борка Талески – Прилеп, Јане Стојчески го кажа мотото: “Здравиот човек има има илјада желби, болниот само една: Да оздрави”, со кое ги поздрави сите присутни.
А.Г.