Еуфорично и со силни емоции, огромната присутна публика на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, ја испрати својата миленичка во повисок ранг.
Прилеп одново живее во црвено – белите бои, ранетиот лав се исправа и се враќа на старите патеки на борба и слава.
Победа е повторно прволигаш и одново ќе биде страв и трепет за сите.
На денешниот натпревар против Велазерими, победашите го запечатија првото место на табелата и со 2:0 го совладаа гостинот.
Благоја Гешоски беше два пати прецизен за Победа и на огромна радост, особено на многубројните од навивачката група Мајмуни, беше најзаслужен за трите бода.
[Best_Wordpress_Gallery id=”241″ gal_title=”ПОБЕДАШАМПИОН”]