ГАЛЕРИЈА – Палачинкијада на Могила

6225-palacinkijada-na-mogila-960x600-2

Традиционално и оваа година пред голем број на посетители, гости и ученици во градот под Марковите кули беше одбележан крајот на учебната година со манифестацијата „Палачинкијада“. Манифестацијата беше збогатена и со изборот за „Нај 5-ка” во организација на неделникот „Зенит” и детската страница „Петка”. Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески ја поздрави манифестацијата, посакувајќи им на учениците добро да се одморат и од септември подготвени да стартуваат во новата учебна година.

За „НАЈ“ ученици за учебната 2015/2016 г. беа прогласени: Марко Таневски од ООУ „Гоце Делчев“, Исидора Ангелеска од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, Фросина Николоска од ООУ „Кочо Рацин“, Тамара Мирческа од ООУ „Добре Јованоски“, Ана Плетварец од ООУ „Климент Охридски“, Викторија Дунимаглоска од ООУ „Блаже Конески“ и Бранислав Попоски од ООУ „Рампо Левката“.

[Best_Wordpress_Gallery id=”282″ gal_title=”Palacinki”]

„НАЈ“ наставници се: Александра Андоноска од ООУ „Гоце Делчев“, Сања Кочоска од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, Благојче Ристески од ООУ „Кочо Рацин“, Емил Димоски од ООУ „Добре Јованоски“, Наташа Милеска Михајлоска од ООУ „Климент Охридски“, Бранко Бабаноски од ООУ „Блаже Конески“ и Даница Кирилова од ООУ „Рампо Левката“.
Наградата за „НАЈ“ одделение ја понесоа учениците од 7-3 одделение од ООУ „Блаже Конески“ со наставникот Дејан Ангелески.
Изборот на „НАЈ“ училиште, со најмногу гласови и кош награди, на тронот го искачи ООУ „Гоце Делчев“.

Пригодна програма изведоа учениците од ООУ „Кочо Рацин“ како домаќини и лански победници. А наградите беа прославени со музиката на DJ „Noise killers“ и „Станица 048“.

Палачинкијадата беше збогатена и со настапот на учениците од основното училиште „Климент Охридски“. Манифестацијата насловена како Палачинкијада предизвика голем интерес кај децата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.