Првиот човек на „Сицилијанците”, Маурицио Ѕампарини порачува дека Илија Несторовски нема да биде продаден во зимскиот преоден рок
Па веќе го привлече вниманието на неколку клубови и се шпекулира дека Илија Несторовски би можел да биде продаден веќе во јануари.
Но првиот човек на Палермо, Маурицио Ѕампарини вели дека голгетерот останува на Сицилија.
-Рацете подалеку од Несторовски – вели газдата на Палермо во разговор со Кориере дело Спорт. Тој не е на продажба!.
-Игра добро, постигнува голови како што очекувавме, му се зголеми вредноста.
-Нестороврски е наш играч и не планираме да поставиме цена бидејќи не сакаме да го продадеме.
-Неколку клубови веќе се распрашуваа но им кажав не. Има четири годишен договор со нас и среќен е во Палермо.
-Ќе биде со нас најмалку до јуни, а очекувам да остане тука барем три години.