Габриела Илиевска се кандидира за градоначалничка на Битола

Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска од граѓанската иницијатива „Поинаку“, утринава официјално потврди дека ќе се кандидира за градоначалничка на Битола како независна кандидатка.

Во своето обраќање, Илиевска ги повика битолчани, без разлика на партиска припадност или изборни навики, да застанат зад нејзината кандидатура. Таа нагласи дека се залага за „почиста, поубава и независна Битола“ и порача дека е време да се стави крај на три децении запоставување на градот.

Илиевска изјави дека нема средства за голема кампања, но има храброст, знаење и интегритет за да се спротивстави на сите кои, според неа, ја оштетувале Битола. Таа има долгогодишно искуство како советничка – првиот мандат преку ВМРО-Народна партија, а последните два преку иницијативата „Поинаку“. Со оваа одлука, Илиевска стана првата жена независна кандидатка за градоначалничка на Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.