В черврток на 13 ноември, од 19.30 часот во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-музичкиот перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и поетесата Лина Димоска.
Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го претставуваат нивното творештво, но и нивни омилени песни од домашни и странски автори. Овојпат покрај на македонски, ќе бидат интерпретирани песни и на српси и руски јазик, а ќе бидат рецитирани и препеви на Димкоски од руски и од српски на македонски јазик.
Проткаена со пијано придружба, на оваа поетска вечер ќе прозвучат стиховите на Блаже Конески. Гане Тодоровски, Анте Поповски, Оливера Андоноска, Божидар Божиноски, Далибор Ивановиќ, но и Мика Антиќ, Алексеј Решетов и Никола Раусављевиќ.
Настанот е во органзиација на Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ-Прилеп, а поддржан од Општина Прилеп и НУЦК „Марко Цепенков“. Се работи за настан од отворен тип, а влезот е бесплатен.
– Според Емерсон, сите луѓе се поети во срцето. А ние ќе се потрудиме во сечие срце да ја разбудиме поезијата-велат организаторите.

























