Вучиќ со нова одлична вест за Србите: Од октомври во Србија ќе функционира фабрика за вакцини

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека во Србија ќе никне нова фабрика за вакцината на Синофарм, во соработка со Обединетите Арапски Емирати и со Кинезите, јавува Б92.

– Од 15 октомври ќе имаме голема количина вакцини за нас и за целиот регион. Ние ќе мора и по цена на чинење да му дадеме и на регионот – вели Вучиќ.

– Следните денови во рок од две недели, тоа ќе го направиме и официјално и за потпишување. Тоа ќе биде целосно гринфилд, нова фабрика за вакцини, за Синофарм вакцини, која ќе ја градиме заедно со Обединетите Арапски Емиреати и со Кинезите во Србија – објаснил претседателот Вучиќ и укажал дека покрај направениот ходограм со надлежниот руски министер за производство на руската вакцина во рамките на Торлак, договорено е фабриката за вакцината на Синофарм да биде изградена и да почне со производство од 15 октомври.

– Дотогаш ќе имаме големи количини вакцини за нас, но и за целиот регион, бидејќи тоа што го научив вечерва е дека ќе мораме па макар и по цена на чинење да дадеме вакцини и на регионот, бидејќи сите наши луѓе кои ќе ги излечиме или превентивно да делуваме нема да вреди ако во регионот има проблем – објаснил Вучиќ.

Тој вели дека Србија ќе може да произведува два или три милиони вакцини месечно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.