Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати во Парламентот по повод денешните настани на Северот на Косово кога се апсеа Срби. Тој нагласи едека имаат цврсти докази дека се пука преку главите на Србите кои мирно протестираат.
-Гарантирам дека ако дојде до ескалација и напади на српското население Србија ќе победи-јасен беше Вучиќ.
Претседателот потсети дека во Брисел било договорено да не се влегува на Север, посебно за оние кои пушки и дека целта е да се заплаши српскиот народ на Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и други места.
“Нашите луѓе се навикнати на лавовска борба но во разговорот со нив почуствував вознемиресност” – додаде претседателот.
Тој рече дека досега не се обраќал во Парламентот бидејќи немал што да каже и да не го обвинат дека собира политички поени.