Вртоглав раст на цената на дизелот: Од 39 денари за литар во 2016 до 71 денар во 2022

Малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 39 денари за литар, на Еуросупер БС-95 ќе биде 57,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава за 59,5 денари за литар, известија медиумите на 25-ти јануари 2016-та година, кога цената на горивата (бензините и дизелот) беше на многу пониско ниво.-објави “Курир”.

Со вчерашното поскапување за два денари, шест години подоцна, дизелот е поскап за 32 денари и неговата цена изнесува 71 денар за литар, додека цената на Еуросупер БС-95 која тогаш изнесуваше 57,5 денари за литар, односно Еуросупер БС-98 се продаваше за 59,5 денари за литар, сега изнесува 78,50, (Еуросупер БС-95) односно 80,50 денари (Еуросупер БС- 98).

Граѓаните се жалат дека цените на горивата секоја недела се покачуваат, а тоа се одразува на нивниот џеб. Такси превозниците незадоволни, велат не можат да постигнат да си ги платат давачките, а нивните корисници пред влегување прашуваат дали имаат попуст за возењето.

Целата анализа прочитајте ја на “Курир”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.