Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност. Ќе дува јужен, а долж Повардарието југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус два до седум, а дневната од 18 до 25 степени.
И во сабота ќе се задржи сончево и релативно топло време, но во текот на денот облачноста ќе се зголемува.
Од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи се очекуваат ноќта кон понеделник, кога на места ќе бидат проследени со грмежи. Од понеделник дневните температури ќе бележат благо опаѓање.