Постарите сигурно ќе се сетат на популарната венецуелска серија Касандра од деведесеттите години која пред телевизорите ги собираше и млади и стари.
Оваа серија постигна неверојатен успех а главната хероина Кораина Торес имаше статус на холивудска ѕвезда. Кораима дојде дури и во Македонија и не можеше да поверува колку е популарна.
Кораима и денеска е убава и времето како да застанало за неа. Има 46 години, сопруг и дете и се посвети на снимање филмови.
За сериите вели дека веќе не и се предизвик и оти повеќе од ликот на Касандра не може да постигне.