Временска прогноза за наредните денови: Голем студ во цела Македонија, од среда пак снег

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури под или околу нулата.

Утринските температури ќе бидат многу ниски и до -18 степени во Пелагонија и Малешевијата, а најстудено ќе биде утре наутро кога речиси во целата земја температурата ќе се спушти под -10, а на повеќе места и под –15 степени.

Нови пообилни врнежи од снег ќе има во среда од запад, иако на истокот наутро се уште ќе е многу студено.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.