Временска најава за септември – каквo време не чека?

Според најновите анализи кои ги направивме укажуваат на тоа дека сепак и во септември треба да очекуваме топли бранови и летни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35, 36 степени, стои во временската прогноза на најпознатиот метеоролог во Македонија Славчо Поповски.

Отсега гледано по врнежите септември месец би требало да биде просечен (нормален) во поглед на врнежите за тој месец од годината со можност за нешто повеќе врнежи особено во западната половина од државава.

Исто така според моменталните анализи кој ние ги направивме во првите дестина денови од септември месец не се очекува некое позначително заладување што значи летните температури ќе продолжат и понатаму па затоа граѓаните да го искористат ваквото време максимално, иако и покрај ова ќе има појава на локална и изолирана попладневна нестабилност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.