Над 6.000 граѓани се потпишале досега. Тие бараат да се вратат старите дресови кои се со боите на македонското знаме.
Го имавме можеби најубавиот дрес која некоја фудбалска репрезентација го имала! Наместо, да играме со дресот кој носеше радости и победи, дресот за кој целиот фудбалски свет зборуваше колку е уникатен и убав, стручњаците во ФФМ решиле да направат нови дресови, кои воопшто не ја содржат препознатливата црвено-жолта боја и личат како дрес на Летонија. Срамота! , се вели во онлајн петиција која кружи на социјалните мрежи, откако ФФМ ги промовираше трите варијанти на новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со кои ќе дебитираме на Европското првенство.
„Додека не е предоцна, повлечете ги овие дресови од употреба, вратете ги старите и претставете ја Македонија во најдобро светло“, се вели во петицијата.
„Катастрофа, ништо карактеристично за Македонија, а имавме одличен и препознатлив дрес“, пишува еден навивач
„Со рис спуштен од гугл и бордо боја – катастрофа сте“, следеше втор коментар после промоцијата
„Ви требаше многу време за да го унаказите најубавиот дрес што сме го имале“, додава трет навивач.
Петицијата која се потпишува во моментов е достапна на следниот ЛИНК.