Фабриката на американскиот гигант од автомобилскиот сектор “Гентерм”, сместена во технолошко-индустриската зона Алинци во близина на Прилеп, има потреба од нови 250 работници.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат секој работен ден во просториите на Агенција за вработување (трудот) во Прилеп и Битола.
Од компанијата нудат: просечна плата на оператор 15.000 денари, бесплатен оброк, бесплатен превоз, редовна исплата на плата, високи бонуси за ефикасност и квалитет, исплата на минат труд – стаж (0,5% за секоја година работен стаж), прекувремена работа (дневница +50%), празнична работа (дневница +150%), ноќна смена (дневница повисока за 35%), додаток за работа во смени 5%, тринаесетта плата (24.000 денари) , К-15, 20 дена годишен одмор.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат и онлајн преку следниот ЛИНК