Вработени, родители и популарниот ГРАДИНАР, заеднички го чистеа дворот на градинката “Гоце Делчев” во Прилеп (ВИДЕО)

Сигурно сте го сретнале додека скролате видеа на социјални мрежи, и сигурно ви било преинтересно гледајќи со забрзано темпо како се средуваат паркови, пешачки патеки, зеленила… Епа не е баш така брзо, сака макотрпна работа, а во случајов и повеќе луѓе за да се уредни нешто што долго време било запоставено.

Популарниот ГРАДИНАР беше во Прилеп, поточно во детската градинка “Наша иднина” -“Гоце Делчев”, каде заедно со волонтери од градинката и родители го исчистија дворот, пешачките патеки, каналот…. простор кој долго време не личеше на тоа како треба да изгледа двор каде ги носиме нашите најмали.

Секоја чест за идејата, но и апел до одговорните во градинките, како и до комуналните служби, повеќе да не дозволиме, ниту еден двор на образовна институција да изгледа вака.

Инаку Андреј Рајатоски познат како Градинарот.мк, во јавноста веќе привлече големо внимание со својот ентузијазам за чување и негување на она што е заедничко за сите – уредена и чиста околина.

Младиот Скопјанец самоиницијативно и бесплатно чисти запуштени јавни површини и ги уредува паркчињата, а идејата се родила од комбинација на инспирација и незадоволство од состојбата во која се наоѓа Скопје.

Локациите кои ги избира за своите акции се претежно места каде што секојдневно поминува, но и фреквентни делови од градот каде што, според него, „навистина има потреба од акција за општо добро“.

СЛЕДЕТЕ го на социјалните мрежи и дадете поддршка за неговата работа!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.