Вчера вечер во спортска обложувалница на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп, двајца непознати маскирани сторители со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработената. Сторителите ја затекнале вработената пред влезот на обложувалницата, ја турнале внатре и од касата одзеле 34.000 денари, по што побегнале во непознат правец.
Полицијата ги презема потребните мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.