Во повеќе македонски градови синоќа се одржаа пpoтecти против покачувањето на сметките за стpyjа. Протестите најмасовни беа во Тетово, каде илјадници граѓани излегоа на улица да побараат укинување на одлуката за поскапување.
Протест Тетово (Видео ТВ 21)
Барањата на организацискиот одбор во Тетово се селедни: Регулаторната комисија веднаш да ја став вон сила одлуката за зголемување на цената и да ја намали цената за 46 отсто. Второ, Владата да го укине монополот на услугите за ЕВН и да стави крај на нечовечкото однесување кон потрошувачите, како и да го намали данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто. Собранието да ја укине Регулаторна комисија бидејќи служи само за апетитите на бизнис групациите кои сериозно го оштетуваат семејниот буџет на сиромашните граѓани. Последно четврто барање е Собранието да формира независен арбитрарен орган кој ќе го верификува квалитетот на услуги и ќе адресира поплаките на граѓаните на ваквите корпоративни рекетарски компании, истакна претставниците на одборот.
Пpoтecт во Скопје (Видео Инфомакс)
Во Скопје организаторите побараа: Итно поништување на последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на електричната енергија, владата да ја распушти Регулаторната комисија за енергетика, тело што им служи на интересите на деловните групи и корпорации на грбот на граѓаните, формирање независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги, владата да ги врати приватните компании за дистрибуција на електрична енергија под државна администрација и намалување на цената на електричната енергија за 46 проценти (отстранување на 33 отсто од цената за ангажираната моќност која до пред неколку години во сметката за електрична енергија беше посебна компонента и потоа вклучена во општата цена, а попустот ДДВ од 18 отсто на 5 отсто).
Владата итно да го раскине неславниот договор со ЕВН, приватниот дистрибутер на електрична енергија во РСМ, кој со години го злоупотребуваше монополот даден од Владата, простување на сите камати од сметките на ЕВН што граѓаните до сега не ги платиле бидејќи сметаме дека високите сметки генерирани од ЕВН се главната причина за нивно неплаќање на време. Со оглед на високата цена на електричната енергија со порастот на цената за повеќе од 230 отсто во последните 14 години, сметаме дека граѓаните плаќале и камата и камата над камата со плаќање на тие сметки. Затоа камата за тие астрономски сметки ја сметаме за незаконска и законски грабеж, потенцираа организаторите.
Протест во Прилеп организираше општествената организација “Пролетер”, но за жал на протестот се појавија десетина граѓани. Останатите се чини не им смета што ќе плаќаат за 7,4% повисоки сметки за струја.